Прозводството на материјали е одпочнато во 2005 година и тоа само од една причина, што во изминатите години од отпочнување со работа од 1991 година па се до моментот кога почнавме со сопствено производство на материјал не најдовме стабилен производител на материјал кој би задоволил со квалитет и рокови за да нашите финални готови производи бидат со квалитет за кој би можеле да дадеме 100% гаранција и цени конкурентни на глобалниот светски пазар.
Во процесот на производство на нашите материјали користиме најдобар чешлан памук од Индија со различни нумерации во зависност од бараната тежина на материјалите а додека ликрата ја набавуваме од францускиот производител “DU-PONT”.
Плетењето се врши на најнови модели на кружно плетачки машини од типот “ORIZIO” и тоа
Машина за Singley jersey, Interlok, Futer, сите типови на Rib, Piqe, Terry plush и јаки за поло маици, при што дневниот капацитет за плетење на материјали е 3000 кг. За 24 часа.
Фарбањето на материјалите се врши во апарати под висок притисок (JETOVI) и атмосферски апарати (кади) со капацитет од 300кг, 200кг, 150кг, 120кг. 100кг и 60кг.
Тип “THIS”, капацитетот на боење за 24 часа е 3000 кг.
Подготовката на боите се врши компјутерски во сопствена лабораторија која располага со спектарфотометар, мини JET AHIBA, светлика за споредување на нијанси, електронски дигитални ваги за одредување на тежина со 3 децимали, компјутерски програм за одредување на рецепти.
Во процесот на фарбање употребуваме високо еколошки средства и бои од швајцарската фирма “BEZEMA” кои располагат со “OKOTEX” цертификат за квалитет и стандард.

Доработката на материјалите се врши на линија од швајцарската фирма “SANTEX” и тоа раширувач на материјалот од количките по фарбањето, сушара и компактор кој му дава финална тежина, ширина и изглед на материјалот при што материјалите во зависност од типот на плетката имаат собирање по должина и ширина до максимум 5%. и постојаност на бојата и мекиот допир со гаранција за 5000 машински перења.

|